Следна академија: 26 декември

1 клик Ве дели од започнување на Вашата кариера од соништата!

Академија Mr. Olympia - Европа

Добредојдовте на Академијата Mr. Olympia - Европа.

Аплицирајте сега и започнете го Вашето патување кон официјално признание во светот на фитнесот!

Официјално признание

По положување на испитите, ќе добиете светски признат сертификат од Академијата Mr. Olympia - Европа, поседуван само од врвни професионалци во областа.

Подобрено знаење

Ќе слушнете што велат експертите за исхрана, фитнес, психологија и анатомија од нивната област на експертиза.

Функционален фитнес

Иако многу од предавањата ќе го покријат теоретскиот дел, исто така ќе научите што функционира во пракса.

Развијте визија

Разбирањето на најважните трендови од светот на фитнесот ќе Ви помогне да формирате визија за она што ќе дојде во иднина.

Вмрежување

Можете да го проширите Вашиот круг на истомисленици од светот на фитнесот и да ги искористите овие конекции во иднина.

Стекнете знаење и вештини за личен тренинг!

Сликата на Samir Bannout, додека ги покажува мускулите и носи зелени шорцеви.
Слика од Hadi Choopan на натпревар. Ги покажува мускулите на сцената, додека носи црвени шорцеви.
Слика од Kevin Levrone на сцена. Ги покажува мускулите и носи црвени шорцеви.
Слика на Jay Cutler, на сцена, додека се смешка и ги покажува мускулите. Тој носи зелени шорцеви.
Big Ramy на сцената Mr. Olympia додека ги покажува мускулите.
Слика од Josh Lenartowicz на сцената на Mr. Olympia . Тој носи црвени шорцеви со број 13, и се смешка.

#Сертификација

Академијата Mr. Olympia - Европа  Ве носи еден чекор поблиску до успехот. Земете го Вашиот сертификат во 2021 година!

Тимот зад Академијата Mr. Olympia - Европа 

Неколку зборови од тимот

Ние сме возбудени да ја најавиме Академијата Mr. Olympia - Европа. Се работи за извонредна иновација во светот на фитнесот и доколку сте дел од оваа област, сигурно ќе разберете зошто сме среќни што токму ние ја организираме. Иако претставува огромна одговорност, ние сме повеќе од задоволни да ја преземеме оваа задача.

Кога станува збор за процесот, можеме да кажеме дека ќе биде предизвик. Ние сакаме да најдеме начин да ги одвоиме најдобрите од останатите. Учесниците треба да бидат горди што ќе го поминат целиот процес во Академијата Mr. Olympia - Европа, така што ние ги развивме трите фази соодветно.

Ова ќе биде супер забавно искуство. Дури и во првата фаза, процесот на квалификација, ние ќе ги одделиме потенцијалните кандидати од помалку квалификуваните страни од фитнес областа. Откако ќе ја формираме групата за учесници, ќе започнеме со целото искуство преку Интернет.

За време на курсевите, присутните ќе можат да слушаат предавања од некои од најдобрите имиња во фитнес индустријата.

Нашата крајна цел е присутните да уживаат во целиот процес на добивање на сертификатот од Академијата Mr. Olympia - Европа. Несомнено, ќе биде строго и ќе бара фокус и знаење. Сепак, тоа ќе биде забавно искуство кое е вредно за паметење.

Доколку сè уште не сте сигурни дали да се придружите или не, ние сме тука да кажеме дека Академијата Mr. Olympia - Европа вреди!

Официјалното лого на сертификатот на Mr. Olympia - Европа, Joe Wider со црвени, црни и златни детали.
Слика од Andrea Shaw на сцената на натпреварот Mr. Olympia. Таа се смешка додека ги покажува мускулите и носи црвени елегантни бикини.
Phil Heath во бекстејџ на натпревар, додека девојка му става боја на телото.
Слика на бодибилдер, зад сцената на натпревар. Тој носи зелени шорцеви.
Слика од Dexter Jackson. Тој носи црвени шорцеви со број 15, а тој е без маица.
Chris Bumstead и Big Ramy во теретана. Двајцата ги покажуваат мускулите додека не носат маици.
Слика од Big Ramy, Phil Heath и Brandon Curry на сцената на натпреварот Mr. Olympia, со нивните медали на вратот.

Ако сакате да научите повеќе

Најчесто поставувани прашања

Граѓаните од кои земји можат да аплицираат за Академијата Mr. Olympia - Европа?

Сите граѓани од Европа.

Дали сертификатот за Академијата Mr. Olympia - Европа е важечки?

Сертификатот од Академијата Mr. Olympia - Европа е важечки и можете да го користите за идно вработување или други потреби.

Дали сертификатот од Академијата Mr. Olympia - Европа е бесплатен?

Не, сертификатот чини 850 евра.

Каде ќе се одржи Академијата Mr. Olympia - Европа?

Академијата Mr. Olympia - Европа ќе се одржи на Интернет.

Кои области ќе ги опфати Академијата Mr. Olympia - Европа?

Академијата ќе ги опфати следните четири области: спортска психологија, фитнес, исхрана и анатомија.

Дали сертификатот од Академијата Mr. Olympia - Европа е резервиран само за претходни натпреварувачи на Академијата?

Не, не мора да бидете поранешен натпреварувач на Академијата Mr. Olympia - Европа за да го добиете сертификатот. Секој фитнес ентузијаст е соодветен кандидат.